ЕВН Македонија со двојно поголемо производство од малите хидроелектрани

Bez autora
Jul 07 2010

ЕВН Македонија регистрираше речиси 100 отсто поголемо производство на електрична енергија од малите хидроцентрали во првата половина од годината , во однос на истиот период лани. За првите шест месеци од 2010 година производството изнесува 150 милиони киловат часови , или колку вкупното производството на електрична енергија за цела 2009 година. Ваквата состојба се должи на поволната хидролошка состојба, на ревитализацијата на малите хидроцентрали согласно РОТ договорот со чешки Хидропол, воведувањето на модерна технологија, зголемување на ефикасноста кај сите мали хидроцентрали и зголемениот инсталиран капацитет кај ХЕЦ Матка и ХЕЦ Пена. Производството на енергија од обновливи извори е стратешка цел на ЕВН Македонија за заштита на животната средина со имплементирање на сите европски еколошки стандарди.

ЕВН Македонија со двојно поголемо производство од малите хидроелектраниЕВН Македонија регистрираше речиси 100 отсто поголемо производство на електрична енергија од малите хидроцентрали во првата половина од годината , во однос на истиот период лани.

За првите шест месеци од 2010 година  производството изнесува 150 милиони киловат часови , или колку вкупното производството на електрична енергија за цела 2009 година.

Ваквата состојба се должи на поволната хидролошка состојба, на ревитализацијата на малите хидроцентрали согласно РОТ договорот со чешки Хидропол, воведувањето на модерна технологија, зголемување на ефикасноста кај сите мали хидроцентрали и зголемениот инсталиран капацитет кај ХЕЦ Матка и ХЕЦ Пена.

Производството на енергија од обновливи извори е стратешка цел на ЕВН Македонија за заштита на животната средина со имплементирање на сите европски еколошки стандарди.

Рекордни резултати се регистрираа и за цела 2009 година, која се заврши со 150 милиони KWh произведена електрична енергија од малите хидроцентрали на ЕВН Македонија,  што е, пак, повеќе за 50% од просекот во минатата деценија.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik